DocuSign Standard Edition

DS_Logo_Black_RGB _ Resized.png
SKU: G-49994
Административен трошок: €84.00
Donor Partner
Опис: 

DocuSign Standard Edition е веб сервис кој ви овозможува да прикачувате и да испраќате документи за електронски потпис. DocuSign испраќа линкови до потпишувачите, кои можат да го стават нивниот потпис од речиси секој уред со пристап до интернет. Потпишувачите не треба да имаат сметка на DocuSign за да потпишуваат документи. Вие и потпишувачите можете да ги видите, преземете и да ги испечатите комплетнираните документи во било кое време.

Оваа понуда обезбедува постојана претплата на DocuSign Standard Edition за еден корисник. Лиценцата му овозможува на корисникот да испрати до 100 документи годишно. Погледнете го јазичето за Детали за претплата за дополнителни информации.

Бенефити за организациите

Можете да го користите DocuSign Standard Edition за зголемување на флексибилноста на персоналот и управата со тоа што ќе овозможите потпишување на документи на оддалечени локации и во било кое време. Користете го за

  • Собирање на средства: аплиикации за грантови, обновување на членство, корпоративни договори за спонзорство
  • Човечки ресурси: дистрибуција и признавање на политики, нови ангажирања, промена на форми
  • Менаџирање на волонтери: апликации, одрекувања, регистрација на настани
  • Набавки: договори со продавачи, налози за набавки, опис на работните задачи
  • Правни работи: Договори за неоткривање на доверливи информации, лиценцирање, усогласeност
  • Финансии: интерни одобрувања, извештаи за трошоци, ревизија
  • Информатичка технологија: следење на средства, известување за инциденти, авторизација за одржување

Главни можности

  • Избор на извори и складирање: Можете да прикачите Word, PDF, и други типови на документи, или од вашиот компјутер или од страници за размена на датотеки, како што се Box, Dropbox, Google Drive, и OneDrive. Документите се зачувуваат во DocuSign облак, но можат да се преместат во вашите страници за размена на датотеки.
  • Пристап од мобилен уред: Со мобилната апликација на DocuSign, можете да креирате и да испраќате документи од смартфони и таблети. Можете да ги потпишете истите преку апликацијата или во мобилен веб прелистувач.
  • Ознаки: Можете да ставите ознаки во вашите документи за да покажете каде сакате да биде потписот, иницијалите, името, титулата, името на друштвото, како и други релевантни информации.
  • Шаблони: Можете да креирате шаблони за повеќекратна употреба кои ги зачувуваат означените полиња, патеката на работниот тек, и други поставувања.
  • Статус и известување: Контролната табла го покажува статусот на документите. Можете да видите извештаи за документите, примачите и целокупната активност на сметката.
  • Коментари: Испраќачите и потпишувачите можат да постираат коментари, прашања и одговори во самите документи и да добиваат известувања во реално време за новите коментари и одговори. Коментарите се зачувуваат како дел од трансакцијата.

Дознајте повеќе на веб-страницата на DocuSign.

Поддршка

Оваа претплата на DocuSign вклучува План за стандардна поддршка. DocuSign нуди бесплатни консултации за непрофитни организации преку DocuSign Impact Corps

Изберете внимателно

Административната такса за овој производ не може да се рефундира, и производот не може да биде заменет.

Добивање на производот

Кога techsoup ќе го одобри вашето барање за донација, ќе испратиме порака на имејл адресата на вашата организација со инструкции за добивање и активирање на овој производ.

Детали за претплата

Системски барања Погледнете ги Системските барања за DocuSign.
Постојана лиценца Оваа донација обезбедува постојана лиценца. Истата не истекува и не треба да биде обновена.
Постоечки претплатници Постоечките потрошувачи на DocuSign можат да не побараат понуда од techsoup за обновување на нивната претплата.
Преглед на DocuSign Почетната страница на DocuSign прикажува кратко демо видео.
Доколку сте учествувале во бесплатен пробен период за DocuSign, ќе треба да креирате нова сметка со различна имејл адреса за да ја добиете оваа претплата како донација. Сметките кои добиле бесплатен пробен период не можат да бидат конвертирани во сметки добиени преку оваа понуда.
Потребна е кредитна картичка Од организациите ќе се побара да достават информации од кредитна картичка кога ќе се регистрираат за DocuSign.